Играчот на Ајакс, Брајан Броби е творецот на едно од најневеројатните промашувања. Младиот напаѓач, кој често е и дел од најдобриот тим на Ајакс, вечерва беше дел од вториот тим на четирикратниот европски првак во дуелот против Алмере.
Ајакс загуби со 1:0 со гол примен во второто полувреме, а гостите имаа шанса на полувремето да водат. Во 39 минута беше досуден пенал за Ајакс, а Броби реши да шутира. Наместо да реализира од белата точка, напаѓачот на Ајакс успеа да ја „рогне“ топката која заврши надвор од стадионот.
https://twitter.com/i/status/1388204041579139076