Играч на Арсенал си го смени името и заигра во дресот на Кина

Кина славеше со 2:0 во пријателскиот меч против Филипини, но резултатот е во втор план. На овој меч за првпат се случи еден фудбалер да си го смени името и да заигра во репрезентативниот дрес на Кина. Се работи за Англичанецот Николас Јенарис, кој може да се пофали дека има играно и за Арсенал.

Англискиот фудбалер кој игра за тимот на Бејжин Гуан, решил да си го промени името и сега се вика Ли Ке. Тој има богато минато, бидејќи во 2012 година дебитирал и во тимот на Арсенал. Одиграл само еден меч, но и тоа е доволно да биде дел од минатото на „топчиите“.

 

Овој играч во минатото бил многу талентиран. Ги има поминато речиси сите младински категории на англиските репрезентации, но потоа неговата кариера почнува да стагнира. Англичанецот има и кинески корени бидејќи неговата мајка е Кинезинка.

Неговата мометална вредност на пазарот се проценува на два милиони евра и тој е најскапиот фудбалер во репрезентацијата на Кина. На дуелот против Филипини одигра 55 минути, а потоа беше заменет.

https://twitter.com/foetball247/status/1136962193809911808

- Оглас -

Најнови вести