Играч на Аталанта позитивен на ист начин како што беа Гвардиола и Давидс

Хосе Луис Паломино, фудбалерот на Аталанта, привремено е суспендиран откако неговите последни антидопинг-тестови покажале позитивни резултати. Според антидопинг-властите во Италија, фудбалерот е позитивен на анаболички стероид.

„Националниот антидопинг-трибунал привремено го суспендира спортистот Хосе Луис Паломино поради прекршување на правилата. Примерокот земен на ненајавениот допинг-тест се покажа дека е позитивен на нандролон, анаболички стероид“, пренесува АНСА.

Паломино во Атананта дојде во 2017 година, а минатата сезона беше еден од најстандардните во тимот, одигрувајќи 45 меча во кои постигна два погодока.

Нандролон стана познат допинг-препарат уште пред 20-тина години, кога тогашните ѕвезди Пеп Гвардиола и Едгар Давидс беа позитивни на допинг-тестот.

- Оглас -

Најнови вести