Играч на Бока го прогласија за мртов, а тој се јави преку социјалните мрежи (фото)

Фудбалерот на Бока јуниорс, Кристијан Павон, се најде во главна улога на скандал со лажни вести откако одреден медиум го прогласи за мртов.

Павон веднаш ги демантираше информациите објавувајќи своја фотографија на „Инстаграм“ при отсечок на самата лажна вест.

„Нема ли лимит? Дали некогаш ќе ги оставите животите на другите и ќе ги живеете своите? За сите кои се интересираат, се чувствувам подобро од никогаш досега“, напиша Павон.

Не само што Павон е жив и здрав, туку и се подготвува за трансфер во Европа откако интерес за него покажа Олимпик Марсеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести