Играч на Борусија е „јонче-дигитронче“ во множење (Видео)

Швајцарскиот репрезентативец Мануел Акањи беше дел од обраната на Борусија Дортмунд во победата од 3:2 во големото дерби против Баерн Минхен. Покрај тоа што со 23 години ја има довербата да биде дел од дефанзивната линија на лидерот во германското првенство, Акањи покажа дека е и паметен.

Едноставно Акањи обожава да множи, дели, собира… Неодамна тој учествуваше во едно ТВ шоу, а водителот сакаше да го тестира какво е неговото знаење по математика. Од гледачите во студиото побара да кажат два двоцифрени броја, а Акањи требаше без калкулатор да погоди колку е точниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести