Играч на Брајтон се посрамоти, од еден метар не даде гол (Видео)

Ако за голот на Домагој Вида против Ерзурумспор може да се каже дека е веројатно најатрактивниот кој падна викендов, тогаш дефинитивно утката на викендот, можеби и на годината ја имаше Јан Млакар, фудбалер на Брајтон, кој игра како позајмен за Марибор.

На дуелот помеѓу Марибор и Алуминиј, кој заврши 2-2, Млакар не погоди нешто што професионалец, и тоа напаѓач, не смее да си дозволи да не го претвори во гол.

Тој од еден метар, непречен од никого, не даде гол, туку ја погоди пречката. По утката, на шокираниот Млакар не му остана ништо друго освен да се фати за главата.

- Оглас -

Најнови вести