29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Играч на Џенова откри: Пандев ќе игра уште една сезона

Горан Пандев ќе игра во дресот на Џенова и следната сезона, откри фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Франциско Касата. Младиот играч од средниот ред вели дека со Пандев има изградено посебен однос и го почитува легендарниот македонски фудбалер.

„Имам специјален однос со Горан. Тој ми е како татко. Феноменален е. Дава многу добри совети на сите млади играчи. Тој е столбот во екипата на Џенова и со нетрпение чекаме да се врати. Од тоа што јас го знам, Пандев сега е на одмор, а потоа ќе се врати во екипата и ќе одигра уште една сезона. Сака да ја заврши кариерата со навивачи на трибините“, изјави Касата за италијанските медиуми.

Пандев одигра шест сезони во дресот на Џенова и во вкупно 165 меча даде 32 погодоци. Освен една сезона помината во Галатасарај и една во матичниот клуб Беласица, Пандев речиси целата дводецениска кариера ја помина во Серија А. Освен за Џенова, има играно и за Анкона, Лацио, Интер и Наполи, а пред крајот на минатата сезона ја надмина магичната бројка од 100 погодоци во Серија А.

Пандев летово со капитенската лента на раката ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на првото Европско првенство. Дуелот од третото коло против Холандија во Амстердам беше и последен за Пандев во репрезентативната кариера. Тој тогаш не откри дали се повлекува само од репрезентацијата или и воопшто од фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести