Играч на Џенова со боречки зафат и црвен картон донесе голем бод против Рома (ВИДЕО)

Рома и Џенова одиграа натпревар без голови но со многу возбудувања во отворањето на 24-то коло од Серија А.

Херој на гостите е дефанзивецот на гостите, Лео Остигард кој што доби црвен картон во 68-та минута, но со неговиот боречки потег, тој спречи сигурно водство на Рома.

Тој беше последен играч во одбраната откако Афена Гјан остана сам со голманот на гостите, па затоа, Остергард со боречки зафат го спречи да даде гол, и донесе значаен бод за својот тим.

Но, на драмата не и беше тука крајот, бидејќи Рома поведе во 90-та минута преку Николо Занонио, но, по ВАР, голот беше поништен поради фаул на овој играч, кој во 95-та минута доби и исклучување.

Со овој бод поранешниот тим на Горан Пандев сега има 14 бода и останува на претпоследното место во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести