Играч на Фиорентина заврши во болница откако се удри во стативата

Фиорентина победи на гостувањето кај Џенова со 2:1, но гостите немаа многу причини за славје поради тоа што му се случи на Гаетано Кастровили. Играчот за врска на Виолетовите доживеа незгодна повреда во средината на првото полувреме, откако удри директно во стативата.

Кастровили веднаш беше заменет, а поради сериозноста на ударот, беше префрлен и во болница.

„Кастровили е во болница, но се надевам дека тоа е само удар“, рече тренерот на Фиорентина, Виченцо Италијано.

- Оглас -

Најнови вести