Маркос Рохо, членот на Манчестер јунајтед кој моментално е позајмен на Естудијантес, се најде на удар на критики во Аргентина откако го напуштил карантинот. Аргентинецот се здружил со другарите да игра покер и при тоа е снимен како пуши цигара.
Видеото на „Инстаграм“ го објавил неговиот брат Франко, но набрзо потоа истото е тргнато од социјалните мрежи. Сепак, неколку медиуми стигнале навреме да дојдат до видеото во кое Рохо убаво се забавува и си пуши цигара.