Фудбалерот на Копенхаген, Расмус Фалк, е фудбалерот кој има истрчано најмногу километри по првите три кола од групната фаза во Лигата на шампионите.
Фалк ги одигра сите три меча (против Баерн, Галатасарај и Манчестер јунајтед) за данскиот шампион од првата до последната минута и истрча вкупно 40,7 километри. Интересно е што покрај Фалк, уште двајца играчи на Копенхаген се наоѓаат меѓу десеттемина играчи со истрчани најмногу километри. Лукас Лерагер има претрчано 38,2 километри, додека Мохамед Елјонуси има 36,5 километри.
Копенхаген вечерва од 21 часот ќе игра против Манчестер јунајтед во четвртото коло и се очекува тројцата фудбалери, Фалк, Лерагер и Елјонуси, да се најдат во првиот тим.
Освен капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, меѓу десеттемина играчи со најмногу претрчани километри нема ниту еден фудбалер од главните фаворити за титулата.