Играч на Лестер си даде два автогола против Ливерпул за седум минути (Видео)

Ливерпул води со 2:1 на полувреме против Лестер, во меч на кој сите три погодоци беа дело на гостинските фудбалери. Лисиците поведоа по само четири минути со голот на Десбури-Хал, за шок на домашните фанови на „Енфилд роуд“.

Ситуацијата комплетно се смени пред крајот на првиот дел и тоа благодарение на гостинскиот фудбалер Воут Фас. Белгискиот интернационалец си даде два автоголови и Ливерпул стигна до водство од 2:1.

Најпрво, во 38 минута Фас несмасно реагираше со лизгачки старт ја удри топката, таа го лобуваше гостинскиот голман и заврши во мрежата на Лестер.

Вториот автогол на Фас беше во 45 минута. Дарвин Нуњес беше во напад, шутираше, а топката заврши во стативата. На одбиената топка, несмасно натрча Фас, но ја удри топката и таа повторно заврши во неговата мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести