Играч на Ливерпул преку СМС порака ја одјави Португалија

Фудбалерот на Ливерпул, Фабио Карвалјо, одби да игра за репрезентацијата на Португалија до 21 година, а тоа го направи на невообичаен начин, преку порака.

Карвалјо преку СМС порака го известил селекторот Руи Жорге дека не сака да игра на пријателските натпревари на младата репрезентација против Чешка и Јапонија.

Наводно, Карвалјо во пораката до Жорге напишал дека повеќе не сака да игра за Португалија, земјата во која е роден и е израснат.

Но, англиските медиуми тврдат дека со овој потег Карвалјо му испратил порака на селекторот на Гордиот Албион, Герет Саутгејт, дека е подготвен да игра за Англија, земјата во која живее од 15-годишна возраст и за која настапуваше во јуниорските селекции до 16, 17 и 18 години.

- Оглас -

Најнови вести