Младиот фудбалер на Локомотив Москва, Алексеј Ломакин (18) бил пронајден мртов. Ломакин излегол со пријател на пијалок и потоа му се губи трагата. Два дена подоцна, неговата мајка го пријавила неговото исчезнување откако синот не ѝ се јавувал на мобилниот телефон.
Ломакин ја поминал јуниорската школа на Локомотив и настапувал за тимот Б на клубот кој се натпреварува во Лигата на шампионите. Руските власти претпоставуваат дека фудбалерот починал како последица од смрзнување.
„Шокирани сме од трагедијата. Локомотив изразува сочувство до семејството и пријателите на Алексеј“, стои во соопштението на Локомотив.