Играч на Наполи во 2024 година бесплатно ќе потпише за Интер

Пјотр Зјелински на крајот од сезонава и дефинитивно ќе си замине од Наполи, но нема да ја напушти италијанската Серија А. Според најавите, Зјелински се договорил во во наредната сезона да го носи дресот на Интер, каде ќе замине како слободен играч без ниту едно евро обештетување.

Полјакот смее да преговара со други клубови на шест месеци од истекот на договорот и веќе ги договорил личните услови со Интер. Според најавите Зјелински ќе потпише тригодишен договор, а годишната плата ќе му биде 4,5 милиони евра.

Зјелински пристигна во Наполи во 2016 година кога беа платени 16 милиони евра на Удинезе. Во дресот на Наполи досега одигра 351 натпревар во кои постигна 50 голови, а има и 46 асистенции. Полјакот има 29 години што значи дека сега треба да е во врвот на својата кариера, што значи дека Интер ќе добие одлично засилување и тоа за џабе.

- Оглас -

Најнови вести