Играч на Олимпијакос му покажуваше на Слукас дека е платеник и настана хаос (Видео)

Олимпијакос поведе со 2-0 против европскиот првак Панатинаикос во финалната серија на плеофот во грчката кошаркарска лига, а во финишот на вториот меч, синоќа во салата „Мир и пријателство“ воопшто не беше мирно и пријателски.

Американскиот бек Ајзеја Кенан кој е еден од најдобрите играчи на пирејците, влезе во конфликт со Костас Слукас и му гестикулираше пари, по што особено збесна гостинскиот тренер Ергин Атаман кој беше исклучен.

Слукас минатото лето се пресели од Олимпијакос во Панатинаикос, сега зема поголема плата од таа додека беше кај Црвено-белите, па затоа Кенан реши да го провоцира.

- Оглас -

Најнови вести