Дарко Нејашмиќ не ќе може со полна радост да ја слави гостинската победа на неговиот Осиек од 2-1 против Кизилжар бидејќи на домаќините им подари бизарен гол.
Осиек имаше сигурни 2-0 до последните 10-тина минути од мечот, но 84-тата минута се покажа како трагична за хрватскиот тим, по непромислениот потег на Нејашмиќ.
Тој од половина терен сакаше да ја врати топката назад до својот голман, кој пак не беше добро позициониран и не стигна навреме да ја спречи топката да влезе во голот.