2.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Играч на Рајо по поразот на „Бернабеу“: Бог гледа сѐ!

Рајо Ваљекано беше на прагот да остане непоразен на „Бернабеу“, но потклекна во финишот. Поточно, со гол од пенал во стотата минута.


Тимот од мадридското предградие го заврши мечот против Реал Мадрид со само девет играчи поради исклучувањето на Пеп Чаварија во 103-тата минута. Тие веќе беа со десет играчи, откако Пате Цис доби црвен картон во 80-тата минута поради груб старт над Дани Себаљос.

Чаварија го турна Родриго кон билбордот, иако топката не беше во игра. Судијата го забележа тоа и му покажа втор жолт картон.

„Денес е еден од најтажните денови во кои го напуштам теренот. Овој тим заслужува почит. Благодарам на сите навивачи, ќе продолжиме да се бориме против сè и сите. Бог е праведен и гледа сè. Верба“, напиша играчот на Рајо Ваљекано на социјалните мрежи по поразот на „Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести