Играч на Рајо сака да го побара дресот од Белингам, но има една голема мака

Рајо Валјекано вечерва на свој терен ќе го пречека актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид, а освен смислување на тактиката како да се одбранат од нашадите на фаворитот, домашниот играч Иси Палазон крои еден друг план. Палазон е голем фан на Џуд Белингам и не крие дека по завршување на мечот, сака да го добие неговиот дрес како сувенир.

Сепак, има еден проблем за играчот на Рајо, а тоа е дека не го владее добро англискиот јазик и не знае како да му го побара дресот на Белингам. Палазон и минатата сезона играше против Реал Мадрид и Белингам, но тогаш не беше доволно брз и снаодлив, па еден друг негов соиграч успеа прв да стигне дод ресот на англискиот репрезентативец.

„Дресот на Белингам? Да, сите знаат дека сакам да го добијам, но уште не сум стигнал до него. Најголем проблем ми е тоа што воопшто не зборам добро англиски јазик, но ќе видиме дали ќе успеам да се разберам и да му објаснам дека го сакам неговиот дрес“, откри искусниот играч за врска на Рајо Валјекано.

Откако Палазон си ја кажа маката зошто не може да дојде до дресот на Белингам, навивачите на Реал Мадрид се вклучија во акција да му помогнат на играчот на Рајо, па на социјалните мрежи го означуваат Белингам и му порачуваат дресот да го подари токму на посочениот играч на тимот кој доаѓа од предградието на Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести