22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Играч на Сити во изолација откако член на неговото семејтво покажал симптоми на Коронавирус

Бенџамин Менди се ставил во домашна изолација откако член на неговото семејство е пренесен во болница под сомнежи дека има симптоми на Коронавирус. Доколку Менди бил во контакт со заболениот роднина, можно е да ги изложил на опасност своите играчи, што би било голем проблем за составот на Пеп Гвардиола бидејќи денес учествувал во тимскиот тренинг.

Во меѓувреме Менди ќе мора да ги помине тестирањата, а најверојатно и сите членови на Манчестер сити ги чека проверка.

Претходно денес паника крена Даниеле Ругани, фудбалерот на Јувентус, кој е позитивен на Коронавирусот. Пандемијата откажа голем број првенства во светот, меѓу кои и реванш-дуелите меѓу Сити и Реал во Лигата на шампионите, како и Јувентус против Лион.

- Оглас -

Најнови вести