Играч на Тотенхем може да добие суспензија од 12 меча поради бизарна изјава дадена за соиграч

Фудбалската федерација на Англија (ФА) објави дека играчот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, може да биде казнет со забрана за играње на 12 натпревари поради една бизарна изјава дадена на последното интервју.

Според ФА, Бентанкур со недоличното однесување за време на интервјуто прекршил едно важно правило откако го коментираше изгледот на неговиот соиграч од Тотенхем, Сон Хеунг-мин.

Уругваецот ја анализираше репрезентацијата на Јужна Кореја, за која настапува Сон, па во еден момент рече дека сите негови соиграчи изгледаат исто. Според ФА, тоа се навредливи зборови и треба да следува казна за Бентанкур.

„Бентанкур е обвинет поради наводно прекршување на ФА правилото Е3 поради недолично однесување за време на давање изјава на медиум. Неговата изјава преставува „тешка повреда“ која е дефинирана во правилото Е3.2. Федерацијата во иднина посебно ќе внимава на директно или имплицинтно поврзување по национална, верска, расна или етничко потекло“, стои во соопштението на ФА.

Бентанкур веднаш му се извини на соиграчот, но ќе мора да одговара и на прашањата поставени од членовите на ФА на 19 септември.

„Извини брате. Жал ми е за тоа што се случи. Тоа беше невкусна шега. Знаеш дека те сакам и никогаш не би те потценил или повредил на кој било начин. Ниту тебе, ниту кој било друг. Те сакаме брате“, гласеше извинувањето на Уругваецот упатено кон Сон.

- Оглас -

Најнови вести