Играч на Валенсија одби да се слика со банерот со антирасистичка порака, па Лилјаците загубија (Видео)

Мајорка ја победи Валенсија со 1-0 и си обезбеди опстанок во шпанската лига, а Лилјаците ќе мора во последните две кола да го обезбедат прволигашиот статус и за следната сезона.

Битката за опстанок во Шпанија е пеколна, дури седум тима се загрозени, а два од нив ќе испаднат, додека пет ќе се спасат. Валенсија заврши голема работа со победата над Реал Мадрид во минатото коло, но сега ќе мора во следното коло на свој терен без публика да победи или барем да ремизира против Еспањол, кој е претпоследен и се наоѓа пред испаѓање, а само со две победи во последните две кола има шанса за опстанок.

Пред мечот, тимовите се сликаа со банер на којшто имаше порака за борба против расизмот, но фудбалерот на Валенсија, Муктар Дијакаби, одби да учествува во тоа. Дијакаби и самиот беше жртва на расистички напад, на еден меч со Кадис го напушти теренот. Никој од Кадис не беше казнет, па затоа Дијакаби смета дека борбата е лажна и дека не е потребно сликање со банери, туку преземање конкретни акции за спречување на таа негативна појава.

Ова е голот на Муриќи, со кој Мајорка ја победи Валенсија:

https://twitter.com/i/status/1661809506559426565

- Оглас -

Најнови вести