Божиќ е период кога сите се опуштаат во духот на празниците и си дозволуваат некоја чашка повеќе алкохол во својот организам. Тоа важи и за сите атлети, односно спортисти, а на дело го потврдува Микел Антонио, фудбалерот на Вест хем.
Англичанецот на социјалните мрежи се пофали дека убаво си поминал за божиќната ноќ така што лудувал низ улиците во Лондон со своето скапо „ламборџини“. Облечен во костим од Снешко, Антонио се забил во сообраќаен знак, а потоа завршил во двор од куќа. За негова среќа, инцидентот завршил без повреди, а на интернет кружат фотографии и видео како фудбалерот се обидува да излезе од оштетениот спортски автомобил вреден 245.000 евра.