Играч од Ангола и некогашен голман на Фенербахче го запреа Фенер (Видео)

Драматичен и контроверзен меч одиграа Фенербахче и Аланијаспор во турската лига, средбата заврши 2-2, а на овој резултат му се израдуваа во Галатасарај, кој сега е осамен на врвот со два бода плус во однос на градскиот ривал.

Двата гола за гостите од Аланија беа дело на Анголецот Аугусто, кој стативата го спречи да направи хет-трик. Стрелци за фаворитот беа Тадиќ од сомнителен пенал и Џеко, а Србинот Тадиќ можеше да биде и исклучен поради еден груб старт.

Домашните најзрелата шанса за победа ја имаа во 77-ма минута, но се испречија пречката и голманот Ташкиран кој во минатото една сезона беше и во Фенер, а вечерва со својата супер одбрана го спречи тој тим да се врати на врвот на табелата.

https://twitter.com/i/status/1756737583801946483

- Оглас -

Најнови вести