Играч од Козле со 100 денари уплата на пет меча фати над 2.000 евра, во Неготино има мајстор за обложување во живо

Викендов најголем ќар од уплатени тикети во Sport Life имаа двајца обложувачи кои покажаа знаење, погодија големи квоти и троцифрената уплата ја претворија во шестоцифрена добивка.

Во објект на Sport Life во скопската населба Козле бил уплатен тикет на 100 денари, со пет пара, и излезе добитен, а фатената вкупна квота е дури 1.558, па бруто-добивката изнесува 155.884 денари.

Играни се четири меча на полувреме-крај во комбинација со број на голови на крајот на мечот, а најголем коефициент има за дуелот Тотенхем – Вулверхемтон и прогнозата дека гостите први ќе дадат гол и дека ќе победат на натпреварот.

Во Sport Life во Неготино исплатен е тикет со бруто-добивка од 123.478 денари, а уплатата е 500 денари. На 13 меча вкупната погодена квота е безмалку 247. Ниту една квота на тикетот не е поголема од 1.95, а интересно е дека за четири меча играно е во живо откако тие дуели во неделата веќе биле почнати.

За сите мечеви кои беа почнати во моментот на уплатата овој неготинчанец имаше одлично претчувство и точно типуваше што ќе се случи.

- Оглас -

Најнови вести