Фудбалерите на Црвена ѕвезда со 2:1 го победија Чукарички и го освоија финалето на Купот на Србија. Во првото полувреме Чукарички имаше предност од 1:0 благодарение на спектакуларниот гол постигнат директно од корнер.
Сепак, во второто полувреме Црвена ѕвезда направи пресврт и со двата гола на Александар Пешиќ стигна до 2:1, што беше доволно за триумф и трофеј во Купот. При постигнување на голот за израмнување, Пешиќ реши да го соблече дресот, а тоа не му се допадна на Александар Драговиќ, кој му сугерираше на соиграчот веднаш да го облече дресот за да не добие жолт картон.
Пешиќ се налути, го оттурна соиграчот и продолжи да слави со соблечен дрес, поради што доби жолт картон. За среќа, Пешиќ при постигнување на вториот гол се воздржа и не го соблече дресот при прославата.