Играчи од Брентфорд и Брајтон им донесоа ваучери на најдобрите во шестото коло

Шестото коло на Фантази Премиер лигата на Спорт Манија донесе интересни, но и изненадувачки комбинации, а најдобриот Фантазер е Кристијан Николиќ, кој победи со 81 освоен бод. Николиќ има вкупно 373 поени во генерален пласман, но во ова коло склопи одличен тим во кој Рашфорд му донесе 18 поени исто како и капитенот Кејн, додека Халанд беше стандарден и имаше девет бодови. Изненадувањето во ова коло беа 12-те поени на Леандро Тросард од Брајтон, кој имаше гол и асистенција.

Второто место во ова коло е за Дарко Трајчески со 80 поени. Трајчески веруваше во победа на Манчестер јунајтед во дербито против Арсенал, па капитен му беше Рашфорд, кој му донесе 36 бода. Халанд стандардно е и во овој тим, а изненаедувањето е напаѓачот на Брентфорд, Иван Тонеј, кој постигна хет-трик против Лидс и освои дури 17 бодови.

Иван Змејковски со 79 поени е трет во ова коло. Адутот на Змејковски беше Мекалистер од Брајтон, кој постигна два гола и му донесе 14 поени. Останатите во офанзивата се стандардните Рашфорд со 18 поени, Кејн со девет бодови, а капитенот Халанд му донесе 18 поени.

Од дефанзивниот ред, во составите на тројцата најдобри сите го имаат Трипие од Њукасл, кој во ова коло донесе осум поени.

Доколку уште не сте дел од Фантази лигата на СпортМанија, може да се вклучите на линкот, а Код за влез во лигата на СпортМанија е: zc6qmk

- Оглас -

Најнови вести