18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Играчи од Ливерпул доминираат во тимот на годината според фановите на сајтот на УЕФА

Посетителите на интернет страницата на УЕФА кои имаа можност од 25 ноември 2019 до 7 јануари 2020 година да гласаат и да учествуваат во креирањето на идеалниот тим во Европа за 2019 година, ги одбраа најдобрите, од кои дури седуммина првпат се во овој избор.

Кристијано Роналдо дури по 14-ти пат е дел од тимот кој го бираат навивачите, а Меси 11-ти пат. Роналдо со Јуве освои Скудето во Серија А, а со Португалија ја освои Лигата на нации. Во тимот има и тројца членови на холандската селекција која беше финалист во Лигата на нации. Разбирливо, најбројни се играчите од европскиот клупски првак Ливерпул.

Најдобар голман е Алисон Бекер од Ливерпул.

Во идеалниот одбранбен тим се Трент Александер Арнолд од Ливерпул, Матајс Де Лихт од Ајакс и Јувентус, Вирџил Ван Дајк од Ливерпул, и Енди Робертсон од Ливерпул.

Средниот ред го сочинуваат Френки Де Јонг од Ајакс и Барселона и Кевин Де Бројне од Манчестер сити

Во напад се Лионел Меси од Барселона, Садио Мане од Ливерпул, Кристијано Роналдо од Јувентус и Роберт Левандовски од Баерн.

- Оглас -

Најнови вести