6.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Играчите ептен поделени околу Челзи – Арсенал, за сите три опции има над 30 отсто прогнози

На половина од рокот за типување за 10-тото коло на Спортската прогноза сезонава јасно е дека меѓу играчите на омилената бесплатна игра има огромна поделеност околу исходот на дербито Челзи – Арсенал.

Со победите во Лигата на шампионите над Барса и Баерн, лондонските тимови покажаа дека се во топ форма и ќе се тркаат за титулата во Премиер лигата. Топчиите имаат шест бода повеќе од Сините и нема да биде сеедно дали по овој меч в недела разликата ќе оди на големи 9 или ќе се намали само на три бода. Со нерешено, двата тима би можеле да бидат делумно задоволни.

Досега типуваа голем број играчи на Спортска, а 31,3 отсто типуваат победа на Челзи, според 35,3 отсто средбата ќе заврши нерешено, додека 33,2 проценти веруваат во триумф на Арсенал.

Градско дерби има и во Шпанија, засега по 40 отсто се за победа на Севилја и за нерешено, а двојно помалку типуваат победа на гостинот Бетис.

Како и во секое коло така и сега, главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 средби. За таков подвиг следува подарок  iPhone 16. За 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари, додека 11-ката е за ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести