Вардар 1961 направи важен чекор кон нова титула во македонскиот ракометен шампионат со победата над Еурофарм Пелистер од 31-24.
Во преполниот „Јане Сандански“ имаше и ракомет, и навивачки нереди, но и ферплеј потези, а на крај се радуваа Црвено-црните кои во своите редови имаат многу повеќе македонски играчи кои добро знаат што значи победа во најголемото дерби.
Ракометарите и Комитите прославуваа со традиционалниот поздрав „Шампионе шампионе, оле, оле оле, Вардаре“.