23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Играчите имаат јасен фаворит во првиот меч од новото коло на Спортска прогноза

Паровите од новото, 26-то коло се веќе тука, додека играчите веќе имаат јасен фаворит од првиот меч.

Како и многупати досега, првата средба ни доаѓа во сабота од 15:30 часот, односно стандарниот термин за Бундеслигата, каде што ќе се сретнат екипите на Волфсбург и Унион Берлин.

Дури 81,92 отсто од типувачите веруваат во победа на Волфсбург, а само 12,48 % сметаат дека средбата ќе заврши нерешено. Во три бода за Унион Берлин, пак, веруваат 5,61 отсто.

Како што е добро познато, потребно е да се погодат сите 13 натпревари на колото за да се добие прекрасниот „ајфон 12“ на подарок, додека со еден промашен пар следува ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а со две утки има ваучер од 500 денари.

Бесплатната игра којашто е во режија на Sport Life и Спорт Манија можете да ја играте доколку имате SL картичка, која исто така можете да ја направите бесплатно во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести