Играчите на Ајнтрахт Франкфурт пласманот во Лига на шампиони го прославија на бензиска пумпа (Видео)

Вчера заврши германското фудбалско првенство, а една од екипите кои имаа голема причина за славје е Ајнтрахт Франкфурт. Овој тим буквално во последното коло решаваше за своето место на табелата и дали ќе игра во Лига на шампиони или во Лига на Европа.

Ајнтрахт вчера гостуваше кај Фрајбург, кај директниот ривал за место во ЛШ и на крајот излезе како победник. Иако на гости, Ајнтрахт славеше со 3:1 и на крајот заврши на третото место на табелата со 60 бодови.

Ова прв пат во последните 32 години Ајнтрахт да заврши во Топ 4 екипите на табелата во Бундеслигата, а со тоа си обзбеди место и во елитната Лига на шампиони. По заминувањето од Фрајбург, играчите на Ајнтрахт застанаа на една локална бензиска пумпа да си купат по нешто за јадење и пиење и буквално таму решија да го прослават големиот успех, пласманот во Лига на шампиони.

Eintracht Frankfurt are celebrating at a petrol station after finishing top 4 for the first time in 32 years.
byu/Imbasauce insoccer

- Оглас -

Најнови вести