Арсенал вчера ја продолжи победничката серија откако без многу проблеми со 3:0 победи на гостувањето кај градскиот ривал Фулам. Со оваа победа, Топчиите стигнаа до 66 бодови, пет повеќе од второпласираниот Манчестер сити, кој им е и единствен ривал во трката за титулата.
По победата над Фулам, во соблекувалната на Арсенал, фудбалерите направија фотографија која подоцна беше објавена на социјалните мрежи, а некои останаа збунети. Играчите на Арсенал се фотографираа со часовник кој е реплика од легендарниот часовник кој стоеше на некогашниот дом на клубот, стадионот „Хајбери“, кој подоцна беше срушен, а часовникот беше префрлен на кровот на стадионот „Емирати“.
😂 What was Arteta’s team talk about this time pic.twitter.com/9Ti3Mi33Rk
— DailyAFC (@DailyAFC) March 12, 2023
Навивачите на Арсенал почнаа со претпоставките за тоа што треба да означива времето покажано на часовникот, чии стрелки стоеја на бројките 11 и 2. Протолкувано е дека тоа треба да значи дека Арсенал има уште 11 меча до крајот и уште два месеци чекање за да дојде денот кога ќе го кренат трофејот во Премиер лигата.
Топчиите цели 19 години чекаат на титула во домашното првенство.