Баерн Минхен уште по првото полувреме речиси сигурно си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, откако има предност од 3-0 во дуелот против Бенфика. На германскиот првак му е потребна победа за да обезбеди место во осминафиналето од елитното европско натпреварување. Со три бода против Бенфика, Баерн ќе биде прв во својата група со 13 бода, два повеќе од Ајакс и во последното коло во Амстердам, во директен дуел ќе се решава кој ќе биде прво место.
Арјен Робен даде два гола, а еднаш прецизен беше Роберт Левандовски за радост на навивачите на „Алијанц арена“. Овој меч може да биде и спас за тренерот Нико Ковач. Стратегот на Баерн е во фокусот на вниманието откако најтрофејниот германски тим во Бундеслигата заостанува со девет бода зад лидерот Борусија Дортмунд, но во елитната лига на УЕФА игра одлично.