Играчите на Барселона не се изненадени, знаеле за Меси веднаш по дебаклот од Баерн

Желбата на Лионел Меси да си замине од Барселона изненади многумина, но не и фудбалерите на Барселона, со кои тој досега ја делеше соблекувалната. Според новинарот Жорди Бланко, играчите на Барса знаеле за планот на Меси да си оди од клубот по огромното разочарување од поразот од Баерн Минхен со 2-8 во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Меси веројатно не посакуваше последниот меч за Барса да му биде далеку од „Камп ноу“ и со најтешкиот пораз во кариерата, но судбината изгледа сакаше така.

За разлика од играчите, навивачите на Барса не веруваа дека такво нешто е можно, беа сигурни дека тој целата кариера ќе ја мине во клубот во кој ја почна, па затоа револтот е голем, особено кон претседателот Бартомеу, чии постапки придонесоа за Меси да побара да биде ослободен и да ја смени клупската средина.

- Оглас -

Најнови вести