11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Играчите на Бока беа на тренинг кога некој дојави дека има бомба

Историскиот реванш од финалето на Купот Либертадорес конечно треба да се одигра на деветти декември во Мадрид. Двата аргентински гиганти Бока јуниорс и Ривер плате се подготвуваат за мечот кој треба да го даде новиот шампион на Јужна Америка.

На последниот тренинг на играчите на Бока јуниорс мораше да интервенира и полицијата. Тоа не беше поради некои нови нереди, туку поради дојава дека на стадионот „Ла Бомбонера“ има поставено бомба. На тренингот имаше и навивачи, но, за среќа, играчите тренираа на комплексот „Педро Помпилио“, кој се наоѓа во непосредна близина на стадионот.

Полицијата мораше да го евакуира целиот кварт, а подоцна беше констатирано дека се работи за лажна дојава и дека нема никаква бомба.

Двата најтрофејни аргентински клубови веќе двапати не можеа да го одиграат реванш мечот, кој требаше да биде на „Монументал“. Навивачите на Ривер плате кои дивееја се виновни за одложување на дуелот на кој нивниот омилен клуб требаше да игра дома. Сега и за лажната тревога за бомба на стадионот на Бока први осомничени се токму фановите на Ривер плате.

- Оглас -

Најнови вести