Играчите на Борусија го гледаа крајот на дуелот во Милано, а потоа започна лудо славење (Видео)

Борусија Менхенгладбах вечерва го претрпе најсреќниот пораз во Лигата на шампионите. Германскиот тим загуби во Мадрид, но продолжи во нокаут-фазата откако вториот меч од оваа група, тој во Милано меѓу Интер и Шахтар, заврши нерешено.

Доколку некој од Интер или Шахтар победеше, Борусија ќе испаднеше од ЛШ, но се случи најпосакуваното сценарио за бундеслигашот. Откако мечот во Мадрид заврши, сите играчи на Борусија се стрчаа покрај аут-линијата, каде што на лаптоп во живо се следеа последните минути од дуелот на „Џузепе Меаца“.

По завршување на мечот во Милано, играчите на Борусија започнаа со големо славење иако загубија во Мадрид.

https://twitter.com/i/status/1336792691686912001

 

- Оглас -

Најнови вести