Играчите на Челзи ги загреваат копачките во микробранова печка!?

Фудбалерите на Челзи наводно ги загреваат своите копачки во микробранова печка во пресрет на секој натпревар со цел кожата на копачките да се опушти и тие да бидат поудобни за носење, односно играње.

Вакви тврдења посочи англискиот лист „The Sun“. Во статијата се вели дека веќе извесно време микробрановата печка во соблекувалната на домаќините на „Стемфорд бриџ“ се користи токму за загревање на копачките.

Еден од економите на Челзи вели дека на овој начин копачките се поудобни бидејќи новите дизајни на спортските компании кои ги произведуваат не се како постарите модели. Особено печката се користи во зимскиот период, кога надвор е ладно и копачките се „тешки“ за носење, а фудбалерите ги загреваат до две минути и веднаш се забележуваат промени во носењето.

Челзи во четврток гостува на „Енфилд“ кај шампионот Ливерпул, па фудбалерите на Тухел за да издвојат позитивен резултат, добро ќе им дојде да ја земат со себе и микробрановата печка доколку овој „изум“ навистина функционира.

- Оглас -

Најнови вести