Фудбалерите на Челзи пред да влезат во авионот со којшто отпатуваа од Лондон за Варшава, учествуваа во краток квиз по географија пред натпреварот против Легија од четвртфиналето во Конференциската лига. Одговорите на некои од нив се целосно апсурдни.
Фудбалерите на Сините беа прашани колкаво е растојанието помеѓу Лондон и Варшава. Тоа е приближно 900 милји, или околу 1.450 километри.
Фудбалерите не се справија баш најдобро со предизвикот. Мојсес Каиседо мисли дека Варшава е во Англија бидејќи според него, се наоѓа… 20 милји (околу 32 км) од Лондон.
Не е јасно зошто мислеше дека би патувале до Варшава со авион ако е толку кратко растојанието. Кога му го кажаа точниот одговор, беше изненаден.
Други играчи на Челзи отидоа во друга крајност. Кирнан Дјусбери-Хол рече дека е 10.000 милји (над 16.000 километри). Малку поблиску беа Рис Џејмс, кој кажа 4.000 илјади милји и Мало Густо, според кој беше 2 илјади милји. Најблиску до точниот одговор беше Џејдон Санчо, кој процени дека Лондон и Варшава се оддалечени 700 милји.