Фудбалерите на Демократска Република Конго одлучија да протестира против насилствата и убиствата кои се случуваат во нивната земја, и тоа со потег пред полуфиналето на Африканскиот куп на нациите против Брегот на Слоновата Коска.
Додека беше интонирањето на химната на ДР Конго, сите фудбалери кои стоеја мирно, ја ставија едната рака врз устата, а со другата симулираа како да имаат „пиштол на глава“. Со овој потег сакаа да го привлечат вниманието на светската јавност и да укажат на бруталноста која се случува во нивната земја.
https://twitter.com/i/status/1755325278660739125
Во источниот дел од земјата повеќе од една недела траат константни борби меѓу војската и бунтовниците од паравоената формација М23. Голем број луѓе се обидуваат да избегаат од ризичните подрачја, каде што постојано има нови мртви и ранети.
„Битки се водат веќе седум дена. Бунтовниците се обидуваат да заземат стратешки позиции. Ситуацијата во градот Саке е многу тешка. Постојано има напади со тешка артилерија и бомби. бегаме кон Гома“, вели за Ал Џезеира Џастин Мусау, кој е жител на Саке.
Веќе неколку години трае конфликтот меѓу војската и паравоената формација М23, а сега нападите се многу интензивни. Токму поради тоа и новите невини жртви, фудбалерите на ДР Конго решија да протестираат и да го свртат фокусот кон нив и кон земјата во која живеат.
Сите фудбалери на ДР Конго носат црн флор во знак на почит кон загинатите во конфликтот.
DR Congo National football team players wearing black armbands at the Africa Cup of Nations in tribute to the victims of violence in the East of the Country.#AFCON2023 pic.twitter.com/Dm6fbLkyVz
— Cynthia Naissa (@CynthiaNaissa) February 7, 2024