15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Играчите на Јунајтед со барање до раководството: Ван Нистерлој мора да остане!

Раководството на Манчестер јунајтед на големо задоволство на навивачите одлучи да ја прекине соработката со Ерик тен Хаг, а на негово место треба да дојде Португалецот Рубен Аморим, од екипата на Спортинг Лисабон.

Додека да пристигне Аморим, привремен тренер на Црвените ѓаволи е легендата на клубот и досегашен помошник на Тен Хаг, Руд ван Нистерлој, кој на два натпревари беше на клупата на Манчестер јунајтед. Го победи Лестер во Лига купот со 5-2 и ремизираше со Челзи, 1-1.

Рубен Аморим најави дека во Јунајтед ќе си донесе свои помошници, но според информациите од Островот, фудбалерите на Манчестер јунајтед јасно му ставиле до знаење на раководството дека сакаат Руд ван Нистерлој да остане во клубот и да биде дел од стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести