34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Играчите на Јувентус постигнаа најмногу голови на ЕВРО 2020

Фудбалерите на Јувентус кои настапуваа за своите репрезентации на Европското првенство беа најрасположени за давање голови. По направената пресметка, актуелните фудбалери на Старата дама на неодамна завршениот континентален собир постигнаа вкупно 12 голови.

Најефикасен беше првиот стрелец на турнирот, Кристијано Роналдо, кој постигна пет гола. Потоа следуваат Алваро Мората со три погодоци, два гола даде Федерико Кјеза, а по еднаш погодија Арон Ремзи и Леонардо Бонучи.

На делба на второто место на оваа листа се екипите на Интер и Манчестер сити. Играчите на овие два тима постигнале по осум гола. Ромелу Лукаку со четири гола е прв стрелец кај Нераѕурите. Од италијанскиот првак, два гола даде Иван Перишиќ, а по еднаш погодиле Милан Шкрињар и Никола Барела. Од Манчестер сити прв стрелец беше Рахим Стерлинг со три гола, а потоа следуваат Феран Торес со два гола, а по еднаш погодија Зинченко, Де Бројне и Лапорте.

Аталанта е тимот со најмногу различни стрелци. Дури петмина фудбалери на тимот од Бергамо се запишаа во листата на стрелци, а вкупно погодија седумпати. Мехле и Песина дадоа по два гола, а по еднаш прецизни беа Миранчук, Госенс и Пашалиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести