Не се испочитува фер-плејот: Играчите на Лацио дадоа гол, додека играч на Интер се жалеше на повреда (Видео)

Лацио со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 3:1 против Интер, во дербито на 8. коло на Серија А. Италијанскиот првак водеше со голот на Перишиќ од пенал. И Лацио даде гол од пенал преку Имобиле за 1:1, а клучниот момент на мечот се случи во 81 минута.

Фелипе Андерсон ја имаше топката, кога претрча покрај играчот на Интер кој лежеше на теренот и се жалеше на повреда. Фудбалерите на Интер сигнализираа дека топката треба да биде исфрлена во аут, но Андерсон продолжи со нападот, а неколку секунди потоа, токму овој играч погоди за 2:1.

По постигнување на голот, играчите на Интер жестоко реагираа затоа што противниците не постапија според непишаното фер-плеј правило, но судијата немаше друга опција освен да го признае погодокот. Мешаница имаше и по завршување на средбата, но за среќа немаше поголем инцидент.

 

- Оглас -

Најнови вести