Играчите на Леванте почнаа тепачка откако сфатија дека ќе изгубат од Кадиз а фановите бараат одговор за Барди (ФОТО)

Енис Барди и Леванте загубија од директниот конкурент за опстанокот, екипата на Кадиз со 2:0.

Во првата средба од новото, 22-ро коло, нашиот репрезентативец и неговиот тим имаа ново бледо издание, со кое што го изгубија мечот за „шест бода“.

Алваро Негредо (34′) и Салви Санчез (74′) ја обезбедија победата на гостите, додека неколку домашни навивачи станаа зачудени на социјалната мрежа Твитер, поради одлуката на тренерот Алезијо Лисци да го замени Барди во 55-та минута со Хорхе де Фрутос, потенцирајќи дека Барди е најреативниот и еден од ретките играчи кои што може да направи вистинска промена во тимот.

По постигнувањето на вториот гол, домашните играчи беа испровоцирани од гостите и тргнаа да се пресметаат, но, за среќа беше спречен поголем инцидент, а главниот судија додели неколку жолти картони.

Со новиот пораз, Леванте си остана на бројката од 11 бодови, додека Кадиз со новите три има 18 бода и се наоѓа на седумнаесеттото место во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести