Играчите на Леванте покажаа што е почит, но фудбалерите на Реал не возвратија со иста мера (Видео)

Пред почетокот на дуелот Реал Мадрид – Леванте, гостинските фудбалери застанаа и го поставија традиционалниот шпалир за да ги поздрават новите прваци во Примера дивисион. Тоа што не сакаа да го направат играчите на Атлетико, го направија фудбалерите на Леванте и покажаа дека се вистински спортски џентлмени.

Сепак, изненади реакцијата на домаќините од Мадрид. На чело со капитенот Карим Бензема само поминаа покрај противниците без да се поздрават, како што најчесто се прави на такви моменти. Чест на малкумината кои подадоа рака да се поздрават со дел од гостите.

Пред неколку дена, Барселона направи шпалир за фудбалерите на Бетис, кои го освоија Купот на Шпанија, а таму сликата беше поинаква од таа на „Сантијаго Бернабеу“.

Играчите на Бетис веднаш се поздравија со ривалите од Барселона кои го направија шпалирот.

- Оглас -

Најнови вести