Ливерпул води со минимални 1-0 по првото полувреме од гостувањето кај Лидс во мечот од 32-то коло во Премиер лигата.
Пред почетокот на натпреварот, како и што се очекуваше, во знак на протест против формирањето на Суперлигата се испраќаа разни пораки, а играчите на Лидс носеа маички со два натписи напред и назад со кои го искажаа незадоволството.
„Лигата на шампионите се заслужува“, пишува на предниот дел, а од позади „Фудбалот е за навивачите“.
И двете пораки се на место – учество во најелитното континентално клупско натпреварување се обезбедува на терен, додека најпопуларниот планетарен спорт е таков само поради тоа што ја има најголемата фан-база.
https://twitter.com/brfootball/status/1384214822472929283