Играчите на Ливерпул демонстрираa нова тактика за изведување на корнер (Видео)

Ливерпул со 2:1 го победи Арсенал во подготовителен меч одигран во Филаделфија, САД. Салах и Карвахал беа стрелци на головите за Ливерпул, додека Каи Хаверц погоди за Арсенал.

Овие контролни мечеви се користат за воигрување на некои тактики, разни ситуации, а играчите на Ливерпул открија и нов начин на напаѓање за време на изведување на корнер.

Костас Цимикас го изведе корнерот од десната страна, а сите играчи на Ливерпул беа сместени во една група и тоа далеку од голот на противникот. Во еден момент, сите фудбалери на Ливерпул се распрскаа на повеќе страни, во обид да ги збунат противничките играчи.

Акцијата од корнерот на крајот не беше успешна бидејќи беше направен прекршок во напад.

 

- Оглас -

Најнови вести