21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Играчите на Манчестер славеле кога дознале дека Роналдо сака да си замине

Кристијано Роналдо се наоѓа на излезни врати од Манчестер јунајтед откако тренерот Ерик тен Хаг стави јасно до знаење дека Португалецот нема да биде во стартниот тим.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт преку неговиот агент Жорж Мендеш бара начин како да си замине од клубот, а ваквата информација неговите сегашни соиграчи ја дочекале со прослава.

Англиските медиуми тврдат дека неколку играчи на Манчестер со голема радост ја пречекале веста дека Роналдо сака да си оди до крајот на преодниот рок, а сега се во исчекување тоа навистина и да се случи.

Сепак, во моментов нема заинтересирани клубови за Роналдо, иако во последните неколку дена се споменува евентуален трансфер во Наполи, но тоа се чини дека е само шпекулација отколку навистина да се случи такво нешто.

- Оглас -

Најнови вести