16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Играчите на Мидлсбро се соочуваат со неверојатни казни: Мокрење под туш е 100 евра, доцнењето се наплаќа „најдебело“

Фудбалерите на Мидлсбро се соочуваат со казни за низа работи. Казни следуваат како не донесат торта кога им е роденден, но и за бизарни работи како што е мокрење додека се тушираат.

Неверојатно долг е список на потенцијални казни во клубот кој е дел од Чемпионшип во Англија. Доцнењето на ден кога се игра натпреварот се казнува со висока казна од 577 евра, плус казна од 30 евра за секоја минута доцнење. Тоа значи дека ако фудбалерот задоцни половина час на денот на натпреварот, ќе треба да плати 1.500 евра во клупската каса.

На отпечатениот лист хартија е наведено дека казните мора да се платат во рок од пет работни дена или играчите ќе мора да платат двојно поголема сума.

Другите казни вклучуваат 577 евра плус 20 евра по минута за доцнење на состанок, како и 300 евра плус 20 евра по минута за доцнење на автобусот. Доцнењето на тренинг значи казна од 200 евра плус 20 евра по минута.

Очигледно дека точноста е еден од клучните работи на кои се внимава во Мидлсбро, но има казни и за бизарни работи, па така играч кој мокри под туш ќе биде казнет со 100 евра, додека играч кој поместува билијард маса додека игра ќе мора да плати 100 евра.

По 100 евра казна следува и за пропуштањето на тренинг во теретана и оставањето работи на масата за ручек. Ако играч на Мидлсбро сака убава вечер дома наместо да се придружи на тимот на вечерно излегување, тоа ќе го чини 1.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести