Милан првпат од сезоната 2013/14 ќе игра во Лигата на шампионите следната есен, откако вчера екипата на Стефано Пиоли триумфираше на гости кај Аталанта со 2-0 и зарши на второто место во Серија А. Заедно со нив во европската елита ќе се појават токму Аталанта и Јувентус, како и новиот шампион Интер.
По победата во Бергамо, фудбалерите на Милан убаво се забавуваа во соблекувалната знаејќи дека за неколку месеци ќе бидат во европскиот крем, па веднаш почнаа да вежбаат постројување при интонација на химната на ЛШ.
https://twitter.com/MilanNewsit/status/1396574882884984845

